6,1 милиони денари поддршка за реализација на капитални проекти во Југоисточниот, Вардарскиот, Пелагонискиот и Североисточниот плански регион, преку програмата за капитални субвенции за развој на планските региони за 2023 година.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска на претставниците од планските региони ги додели договорите за поддршка од оваа програма, која се дава со цел имплементација на проекти за подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

410041806_898052711688566_4092320933050207170_n
Во Југоисточниот плански регион со 2.725.092 денари се дава поддршка на проектите:
✅️санација на полски пат во општина Василево, во должина од 1100 метри
✅️реконструкција и санација на полски пат во општина Богданци , во должина од 730 метри
✅️реконструкција и санација на полски пат во општина Босилово , во должина од 1000 метри.
✅️реконструкција и санација на полски пат во општина Струмицa
Во Вардарскиот плански регион со 1.612.594 денари се дава поддршка на проектите:
✅️уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Росоман, во должина од 500 метри.
✅️реконструкција на пристапен пат до земјоделско земјиште во општина Неготино во должина од 600 метри.

411523500_898052615021909_1969687954431059391_n
Во Пелагонискиот плански регион со 1.217.836 денари се дава поддршка на проектите:
✅️реконструкција на полски пат во општина Могила, месност Долни Лозја во должина од 1018 метри.
✅️реконструкција на полски пат во општина Кривогаштани, Босја Бара во должина од 1300 метри.
➡️Во Североисточниот плански регион со 632.244 денари се дава поддршка на проектот:
✅️реконструкција на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во општина Старо Нагоричане, во должина од 950 метри.

411512787_898052648355239_6957520823788873435_n