Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа предлог-буџетот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Во следната година продолжуваме со силна и прогресивна земјоделска политика. Ја започнуваме историски најголемата реформа која е поддржана со историски најголем развоен буџет, бидејќи земјоделците и фармерите го заслужуваат тоа.“, рече Николовски.

Како што информираше министерот Николовски, Буџетот за секторот земјоделство за сите програми за 2023 година е 12 милијарди денари и е поставен на 5 клучни столба и тоа:

-Реформите во земјоделството, односно новиот модел на субвенционирање

-Малите семејни бизниси и нивниот понатамошен развој

-Капиталните инвестиции особено во водостопанството и системите за надовнување

-Зелена транзиција

-Модернизација на земјоделството, која доаѓа првенствено преку ИПАРД 3