Оваа логистичко-дистрибутивната платформа е уште една голема и значајна капитална инвестиција, која станува реалност, со што се исполни уште едено ветување дадено пред земјоделците и пред граѓаните.

 

406556149_885916146235556_5042038703624719437_n

Пред само неколку недели беше потпишан договорот и почна процесот за изградба. Ова е голема стратешка инвестиција, која ќе се простира на речиси 30.000 квадратни метри, со огромен потенцијал да процесира приближно 46.000 тони овошје и зеленчук. Платформата овозможува организирање и унапредување во снабдувањето, со безбедни и свежи прехранбени производи. Овозможува поедноставен пристап до пазарот за локална свежа храна и ќе обезбеди логистички и други услуги за земјоделско-прехранбениот сектор за домашниот и меѓународниот пазар.

„Логистичко-дистрибутивна платформа не е само градежен проект, туку симбол за посветла иднина во земјоделскиот сектор во земјата. Како што ќе напредува низ своите фази, новата платформа ветува дека ќе го трансформира земјоделството правејќи го поконкурентно, одржливо и економски просперитетно“, изјави Николовски.

„Еве, денес, токму од локацијата, овде во Скопје, во општина Гази Баба, каде што е предвидена изградбата на оваа важна капитална инвестиција, почнува реализирањето на првата фаза од проектот. Ова е голем капитален прокет, кој се реализира првпат во историјата на државата, со огромна важност за развојот и унапредувањето на земјоделскиот сектор“, потенцира Николовски.

406093648_885916099568894_5421937148970520021_n

Средствата за изградбата на платформата се обезбедени преку проектот за модернизација на земјоделството, финансиран со заем од Светската банка, во износ од 46 милиони евра и дополнителни 4 милиони евра грант од Европската Унија преку ИПА-фондовите. Она што од оваа логистичко-дистрибутивната платформа се очекува е да се вклучи пазар на големо и да биде логистичка област со капацитети за суви и ладни складишта.

406112142_885916026235568_7725187659179607022_n

Покрај изградбата на логистичко-дистрибутивната платформа во Скопје како дел од проектот за модернизација на земјоделството, се предвидува и изградба на два откупни центра во Струмица и Ресен. Набргу ќе бидат потпишании договорите за овие два значајни проекта, со што можеме да го означиме почетокот на нивната реализација.

Заедно овие три значајни капитални инвестиции на нашите земјоделци им даваат сигурност, подобро организиран и гарантиран пласман и пазар за нашето домашно земјоделско производство.

406102843_885916286235542_2287022177216294991_n