Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска заедно со амбасадорот на Кралството Шпанија, Хозе Луис Лозано Гарсија и претставници на фирмата консултант “Глобатек” го потпишаа договорот за реализација на уште еден значаен капитален проект во делот на наводнувањето на земјоделското земјиште.

417426031_912626983564472_6885927016836163810_n
– Обезбедени се грант средства во износ од 765.158,00 евра за подготовка на техничка студија за интеграција на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување. Реализацијата на активностите, кои се предвидени, се поделени во неколку фази. Првата фаза предвидува идентификување на локации за поставување на пловечки фотоволтаични постројки. Потоа втората фаза опфаќа развој на концептен дизајн и физибилити студија, додека третата фаза предвидува подготовка на предлог проекти за поставување на пловечки фотоволтаични постројки, соопшти Николовски и додаде:

417398020_912627106897793_3114037847873928595_n
– Нема стабилно земјоделство, без стабилен и модерен систем за наводнување на земјоделското земјиште. Токму вложувањето во водоснабдителни капацитети е еден од нашите клучни приоритети во работата на министерството. Со средства на државата, но и средства поддршка од Европската Унија, градиме нови брани и системи за наводнување.

417414161_912627146897789_5456865774572804717_n
Како што рече министерот Николовски, преку овој проект, како министерство, дополнително вложуваат во развој и модернизација на националниот систем за наводнување на земјоделското земјиште, директно помагајќи го производството на секој еден земјоделец.
417363317_912627173564453_7003148324827629908_n