Исполнуваме уште едно ветување со кое ги унапредуваме работничките права. Пратениците ги усвоија измените на Законот за работни односи со кои од 1 јануари 2022 година, недела станува неработен ден за 92% од работниците!
👉Тие што ќе работат во недела ќе добиваат најмалку 50% повисока дневница за работа во недела и слободен ден.
👉Вработените во трговските центри, односно моловите, кои ќе работат во недела ќе имаат двојно повисока дневница, зголемена за 100%.
👉2% од прометот остварен во моловите во претходната година за работењето во недела и празници ќе бидат наменети за изградба на нови детски градинки.
Оваа Влада е на страната на работниците бидејќи тие се столбот и движечка сила на економијата.
ФБ статус на Љупчо Николовски, вицепремиер за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси