Градиме модерни системи за наводнување, обезбедуваме сигурно земјоделство, порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој изврши увид во изградбата на браната Речани, уште еден значаен капитален проект.

417557105_933838461443324_8486065622133929035_n

– Токму денес имав можност да присуствувам и на леењето бетон за влезната потална линија од тунелот. Браната Речани е еден од најзначајните капитални проекти што се гради во Кочанското Поле. Проект важен за земјоделците, за граѓаните од овој регион. Изградбата на овој хидро систем обезбедува и квалитетно водоснабдување и чиста вода за пиење за граѓаните во регионот на Кочани, Виница, Чешиново-Облешево и Зрновци, порача Николовски.

419743349_933838574776646_1957330939567019902_n
Се гради на Оризарска Река и предвидува годишна акумулација од 22 милиони м3 вода, која ќе ги задоволи повеќе од една третина од земјоделските површини во овој регион, или наводнување за над 1.500 хектари земјоделско земјиште.
-Овој капитален проект го започнавме во 2019 година во вредност од 1,9 милијарди денари. Браната Речани претставува камено-насипна брана со височина од 80 метри, широка 10 метри и во основата долга близу 280 метри.
Нема стабилно и одржливо земјоделство без редовно наводнување на земјоделските површини. Токму затоа изградбата на нови и реконструкцијата на постојните системи за наводнување е наш врвен приоритет на кој посветено работиме сите овие години, вели министерот Николовски.

417522855_933838504776653_7479656429118329535_n