Истокот не е веќе заборавен регион, туку е вистински пример за сите!, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Денеска имаме уште една убава вест. Почетокот на реконструкцијата на Градскиот плоштад и на Градскиот парк во нашата Крива Паланка.
park Kr. Palanka
Крива Паланка добива нов и модерен плоштад и градски парк, кој ќе биде наша гордост. Ќе биде симбол на нашиот град.

Проект кој е овозможен преку тесна соработка меѓу Општина Крива Паланка и Владата предводена од СДСМ.
park Kriva PalankaНема веќе привилегирани региони во државата, нема веќе привилегирани градови. Сите сме еднакви. Сите ќе се развиваме подеднакво.
Ljupcho Nikolovski1Доаѓаат убави години и треба да ги искористиме. Ќе одиме напред. Сите граѓани, сите партии, сите ние“, потенцираше Николовски.