Можеме е македонска визија за успех и достоинство, за почитувани и ценети земјоделци, за почитувани и ценети работници, истакна генералниот секретар на СДСМ и носителот на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски.

„Имаме реален план, реална Програма, која гарантира напредок и развој:

✅Земјоделци со сигурна поддршка од државата од 200 милиони евра годишно;
✅Бесплатна ЗЕЛЕНА НАФТА за земјоделците;
✅Редовни субвенции за сите, нема веќе уценети и уплашени земјоделци;
✅Поддршка за МЛАДИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ од 20,000 евра;
✅Минимална плата до 20,000 денари;
✅Просечна плата до 34,000 денари.
Nikolovski2Тоа е нашата европска држава, каде се цени трудот, каде се развива и напредува според квалитет и знаење, а не според партиска книшка, каде сите имаат еднаква шанса. Од 15-ти јули новата Влада предводена од СДСМ тргнува во нов мандат за ТАТКОВИНА каква што сите посакуваме.

Ми беше драго што денеска од Штип се обративме пред цела македонска јавност.

Зборувавме за програмата на коалицијата Можеме предводена од СДСМ.

Пари во државата имало и ќе има. Разликата е во тоа дали ги трошиш домаќински или расипнички.

Покажавме дека може поинаку од 11-те години под чизмата на бегалецот од Будимпешта. Нема да го вратиме таквото владеење“, потенцираше Николовски.