Одлуката на Апелациониот суд во Скопје за укинување на мерката притвор за Сашо Мијалков е скандалозна и ја поткопува довербата во судскиот систем кој треба да испорачува правда за сите истакна вицепремиерот за борба со корупција Љупчо Николовски.

„Јавноста има право да знае врз која основа судиите ја донеле оваа одлука за лице за кое има изречено првостепена пресуда со казна затвор од 20 години за тешки кривични дела. Токму ваквите судски пресуди го разнишуваат интегритетот на судството и се дополнителен аргумент за потребата од Закон за потекло на имот“, нагласи Николовски.