Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски информираше дека по денешните долги и исцрпни консултации со винариите и лозарите, постигнат е договор за овогодинешните откупни цени за грозјето, 13 денари за смедеревката, а за вранецот 15 денари.

„Заеднички сите ќе постигнеме историско најголемо зголемување од 30%, односно 3 денари повеќе споредбено со ланските откупни цени.
Уште еднаш ја докажуваме нашата грижа за секој еден во овој сектор, лозарите и винариите“, посочи Николовски.