Чест ми е да присуствувам на Економскиот форум за регионална соработка којшто се одржува денес во Скопје, истакна вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

„На форумот присуствуваа претставници на преку 350 компании од Албанија, Србија и Северна Македонија и уште стотина претставници на стопанските комори и на деловните заедници од Западен Балкан и регионот.
Развојот, просперитетот и економското поврзување е приоритет и заеднички интерес на земјите од западниот Балкан. Со ваквите иницијативи испраќаме една нова порака за модерен и просперитетен Балкан базиран на принципите на ЕУ. Слободата на движење на луѓе, добра, капитал и услуги овозможуваат забрзан развој на националните економии и ја забрзуваат нашата интеграција во Европската унија. Нашата силна политичка волја и нашата верба во европските вредности уште еднаш силно се демонстрираат преку потпишувањето на трилатералниот договор меѓу нашите земји“, посочи Николовски.
NikolovskiНиколовски нагласи дека ваквата соработка ќе ни овозможи соодветно софтверско поврзување кое ќе го олесни непречениот проток на патници и стока, ќе го олесни транзитот и реализацијата на трговијата, но ќе придонесе и кон ефикасна контрола и справување со прекуграничниот криминал.
Nikolovski1„Регионалното поврзување и стабилноста се плодна почва за нови инвестиции, а со тоа и обезбедување на благосостојба и подобар животен стандард за сите наши граѓани. Поделбите и историјата да ги оставиме зад нас и да гледаме напред кон модерна и просперитетена иднина и општества во кои младите ќе сакаат да живеат“, потенцираше Николовски.