Измина првата недела од изборната кампања и граѓаните имаа многу убава можност да ја видат разликата меѓу концептот и програмата на СДСМ и коалицијата „Можеме“, и она што не може да се нарече концепт, туку обична пропаганда од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните од една страна имаат понуда од нас. За само две и пол години, да потенцирам повторно – за две и пол години, направен е голем прогрес! – порача денес на прес-конференција генералниот секретар на СДСМ и носител во ИЕ 3 Љупчо Николовски.

Тој ги соопшти бенефитите оо сработеното за време на претходнито мандат на СДСМ.

-Минимална плата од 9.000 на 14.500 денари, просечна плата од 22.300 се качи на 27.500. Социјалната помош за четиричлено семејство од 3.000 е качена на 11.500 денари.

-Поврат на ДДВ, укината радиодифузна такса, зелена нафта, 300% зголемена социјална помош драги луѓе! Можам да зборувам многу долго.

Горд сум на успесите, но и свесен дека не се ни приближно до тоа што треба да се оствари во идниот период. Од другата страна има само манипулирање со некакви национални чувства и упорно избегнување да се одговори на едно просто прашање – Што вие ќе направите ако дојдете на власт и дали ќе го укинете договорот од Преспа? Затоа партијата им ја викаат фејк-њуз ВМРО. – рече Николовски.

Николовски на прес-конференцијата истакна дека сите тие реторики на замајување на јавноста се, како што рече, во една единствена насока – да не зборуваме за суштинските работи – за подоброто економско менаџирање, за инфраструктурните проекти, за успесите.

-Пари во државата имало и ќе има. Работата е како ги трошиш. На жални врби, стиропорни фасади и споменици платени десетици и десетици пати над нормалната цена, или парите ги трошиш за граѓаните и нивно добро. Има разлика. Бараме чист мандат за да направиме многу повеќе и многу подобро. Далеку од тоа дека се сме завршиле. – порача Николовски.

-Има уште многу работа за намалување на невработеноста, поддршка за стопанството, носење инвестиции, јакнење на здравствениот систем за целиот тамошен персонал да може подобро и помирно да живее. Гледаме дека се соочени со големи маки да постигнат се што треба да се постигне, на тие луѓе им треба поддршка! За само две и пол години поставивме силна основа за раст. Сега е време за чист мандат и фокус на економијата, правосудството, реформите. Никој веќе не зборува ниту за НАТО, ниту за ЕУ. Таму сме, го остваривме 30-годишниот сон да сме членка на најсилното светско друштво, да ни се отворат вратите кои отсекогаш биле затворени за нас. Притоа не се случи ништо од тоа што ве лажеа дека ќе се случи. Ние сме Македонци, кои зборуваат македонски, кои живеат во прогресивна држава која силно чекори напред. Нема кантонизации, федерализации, не сме со свтикан ‘рбет!

‘Рбетот ни беше свиткан во едно друго време. Време на нарачани инспекции, на правење списоци, на безобразно крадење бизниси, време на угнетување на работникот и имање на мизерни плати? Време кое за жал, не е толку далечно. Беше пред само неколку години. Во ДПМНЕ е екипата на Груевски во непроменет состав, размислете два пати кому ќе ја доверите вашата иднина драги пријатели. – истакна Николовски.

Нека ви дадат јасна програма, нека ви понудат економски реформи, нека ви понудат правосудни реформи, нека кажат што ќе прават со Договорот од Преспа! Нема да ви дадат ништо од тоа, ниту пак имаат намера да променат нешто во договорот од Преспа.

Нудат само празна пропаганда, која си поигрува со вашите чувства. Немаат никаков план!

-Една недела кампања беше доволна за да се види огромната разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Две и пол години беа доволно да се види дека пари во државата има, а разликата е во тоа како тие се планираат и менаџираат. Дали одат назад кај граѓаните или одат во џебот на Бегалецот од Будимпешта и на Белизе!

Една недела беше доволна за да се види кој нуди одговорни, реални и домаќински политики, а кој сака да не врати во страв, поделба, тензии.Граѓаните на 15 јули имаат многу едноставен избор. Ќе ја изберат Коалицијата „Можеме“, затоа што МОЖЕМЕ уште повеќе, МОЖЕМЕ уште подобро. – заклучи Николовски.