На 1 јуни 2017 со конституирањето на новата коалициска Влада предводена од #СДСМ започна ново, светло поглавје во македонската историја, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.
Nikolovski7„Во првите 100 дена од мандатот ги поставивме контурите на политиките на оваа Влада на граѓаните за која зборот е збор.
‘Парите назад кај граѓаните’ е првиот успех на СДСМ, но и првата суштинска разлика меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, партија која 11 години парите на граѓаните се трошеа на барок и споменици и завршувале кај неколкумина од тогашниот режим.
Три големи борби водевме и се уште водиме во ова наше заедничко време:
– Борба против режимот и неговите остатоци!
– Борба за подобар живот, за повеќе пари кај граѓаните, за европски стандарди дома!
– Борба за безбедна и сигурна иднина, за НАТО и ЕУ!“, посочи Николовски.
Николовски нагласи дека СДСМ е државотворната партија на независна Република Македонија и гарантот за сигурна иднина на нашата современа Северна Македонија!
nIKOLOVSKI2