Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Љупчо Николовски, министерот за транспорт и врски Сугарески и директорот на јавните државни патишта Китанов, градоначалникот на Штип и на Кочани, раководството од советите и општинските администрации, претставници на фирмите изведувач и надзорот, з денеска направија увид во градежни работи на експресниот пат Штип-Крупиште.

„Сведоци сме на многу промени во истокот, а денеска сме овде да заедно со носителите на функции од СДСМ, Китанов и Сугарески, заедно со кандидатите за пратеници од коалицијата на СДСМ, со градоначалниците Илиев и Бочварски и со претседателот Заев да ја потенцираме важноста на уште еден инфраструктурен проект на делницата од експресниот пат Штип-Кочани, делот до Крупиште во должина од речиси 15 километри.“ – рече Николовски кој потенцираше дека дека источниот регион од најзапоставен во изминативе неколку години ниже невидени успеси и инфраструктурни проекти.

„За помалку од една година, до април 2021 година е предвидено да биде завршена и втората фаза од Крупиште до Кочани, во должина од околу 14 километри. Добиваме модерен, безбеден, европски пат со четири ленти, кој ќе овозможи побрз транспорт на стоки и услуги, кој целиот овој регион ќе го направи поконкурентен и економски унапреден и развиен.Нека се тргува, нека се разменуваат добра и услуги, нека се комуницира. Истокот од најзапоставениот регион го направивме пример за сите!“ – порача Николовски.

Со изградбата на овој пат се создаваат услови за нови инвестиции бидејќи е во близина на неколку индустриски зони, што е многу важен услов за стопанството и економијата.

„Гледаме во иднината. Имаме одлична програма која гарантира повисоки плати. Зголемување на минималната и просечната плата за 40 и 30 проценти. Нови работни места, појак здравствен систем и состојба која ќе овозможи повеќе време за во мир да уживаме со семејство и најблиските. Па во таа насока и недела како неработен ден за секого.“ – истакна Николовски.

Членството во НАТО и преговорите со ЕУ ни отвораат врати кои отсекогаш за Македонците и за сите граѓани биле затворени. Да продолжиме таму каде што застанавм! – заклучи генералниот секретар на СДСМ.