Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денска заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ја интенвизираа соработката во борбата против бесправната сеча на нашите шуми.

– Заедничките акции со МВР дадоа успешни резултати, спречуваме нелегалнa сеча на шумите и тоа бројките го потврдуваат, порача Николовски.
николовски
-Вкупно од 2020 до денес, поднесени се над 6.000 прекршочни и кривични пријави до надлежните служби и изречени се над 3.100 правосилни пресуди. Привремено се одземени над 10.000 метри кубни дрвна маса од огревно дрво, трупци и друго техничко дрво, а над 1.100 метри кубни дрвна маса е останата на лице место поради неможност за транспорт. Одземени се 248 товарни возила, 1009 патнички моторни возила, 112 трактори, над 400 приколки и запреги, 471 моторни пили, 122 рачни пили и над 400 секири и друга опрема за сечење дрва, информираше ресорниот министер Николвоски.
Информираше дека заедно со единиците на МВР работеа и на промотивни кампањи со цел подобра информираност на граѓаните.

-Делени беа флаери и постери во сите населени места со телефонски броеви за дојава, на кои секој граѓанин можеше да пријави бесправна сеча и шумски пожари. Да не заборавиме дека шумската полиција и единиците на МВР заедно учествува и во гасењето на шумските пожари.Свесни сме за тежината на работата која ја вршеа нашите вработени, но и горди на постигнатите резултати. Вака заедно треба да продолжиме да делуваме и во иднина, се до целосно искоренување на нелегалните дејства со кои се уништуваат шумите, дециден е Николовски.