Вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски соопшти дека на денешната седница Владата ги усвои измените на шестте клучни закони за спроведување на процесот на дигитализација: Законот за личната карта, Законот за матичен број, Законот за државјанство на РСМ, Законот за личното име, Законот за патните исправи на државјаните на Република Северна Македонија и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните.

„Со новите измени се овозможува граѓанинот да може да поднесе барање и преку средство за електронска идентификација преку Националниот портал за електронски услуги, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги“, истакна Николовски.