Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски заедно со волонтери од кризниот штаб во Велес донираа 400 пакети со храна – за семејствата на кои им се најпотребни.
– Денеска дел од пакетите ги поделивме заедно со волонтери од Кризниот штаб. Притоа ги почитувавме сите мерки за заштита – носевме маски и ракавици и оддржувавме растојание. Ова е време за одговорност, солидарност и подавање рака на оние на кои помошта им е најпотребна, истакна Николовски.