На „Јутуб“ е објавена нова снимка од разговорите меѓу првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицксоски и осудениот во случајот Рекет, Зоран Милески-Кичеец. Овој пат од снимката се потврдува дека Мицкоски и Камчев имале средби и состаноци, при што Мицкоски се жали дека за некоја од средбите е сликан, имајќи го предвид фактот дека Камчев бил под ПИ мерки, пренесе а1 он.
„Море човек, јас , ниту излегло од мене дека ние некој пат се слушаме, ниту некаков муабет“, вели Кичеец на Мицкоски, по што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му враќа: „АМА мене ме имаат сликано, таму кога го следеле Орце, како нвлегувам. Под ПИ мерки кога бил он и мене ме имаат сликано.

Тука женскиот глас, односно Слободанка Алексовска која е ексвработена во болницата „Систина“, се надоврзува во муабетот и вели: „Кога беше кај нас, го имаат сликано како има дојдено. Пошто Орце беше под ПИ мерки“, а Кичеец препрашува: „Ве имаат сликано сигурно?“, на што Мицкоски одговара:„Сто посто“. Алексоска го продолжува разговорот и вели: Дали само колата или…“, на што Мицкоски одговара: „Колата, не мене. Пошто бев со колата, влегував внатре. Колата како влегува“.

Кичеец му вели на Мицкоски:„ Ако вас ве сликале треба некој да ги земе снимките од внатре“, а Мицкоски му вели: „Возилото го сликале , не мене“.