На четири објавени снимки се слушаат разговори помеѓу Мицкоски, Кичеец и извесна женска личност. Од разговорите може да се заклучи дека се направени за време на првиот круг од претседателските избори во 2019 година, каде се слуша како Мицкоски и Кичеец договараат стратегии за соработка за претседателските избори но и за после тоа.
Од разговорите се слуша и дека Мицкоски и Кичеец соработувале и претходно и дека Кичеец за него вели дека бил добар извршител и се што му било кажано било завршено.
Според снимките, Мицкоски бара од Кичеец директно да комуницира со Милевски и да не заобиколува преку други: Се договара Милевски да ги анализира состојбите во Охрид за првиот круг од изборите после што би договориле соработка и за вториот круг.
Кичеец на Мицковски му открива и можна средба со Орце Камчев и заедничка средба за поинтензивна соработка после изборите за западна Македонија.