Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот во периодот од 23.07.2019 година до 24.07.2019 година во повеќе наврати извршил временски поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело. Тој е обвинет дека преку информатички систем, на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, објавил повеќе закани дека ќе стори кривично дело за кое е прошишана казна затвор од најмалку пет години. Заканите биле упатени кон Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, при што во објавените коментари обвинетиот повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност“, велат од ОЈО.