Објавена програмата за Новогодишниот базар во најукрасениот град во земјава – Крива Паланка.
– Најавуваме нови незаборавни моменти и загарантирана забава за сите генерации. Топло и срдечно ќе ве дочекаат нашите вредни паланчани, со: греано вино, германски колбас, вафли, топол чај,чварки и пивтии, детски реквизити и многу други содржини, објави првиот човек на општината Сашко Митовски кој е и најзаслужен за празничната бајка во центарот на градот.
Базарот стартуваше на 22. декември, на градскиот плоштад со почеток во 19 часот, а забавата е загарантирана сѐ до 30.12.2023.
Програмата ќе понуди бројни настапи на наши, македонски, изведувачи и бендови, а најмладите и тинејџерите ќе уживаат во креираната за нив забавна шема: детски претстави, концерти, жонглери, комични настапи и секогаш спектакуларното пристигнување на Дедо мраз на 30.12.2023, сабота.
Еве кој се ќе настапува:

409726841_10227694609804905_3504258961986609987_n409981168_373628855064528_3865052807895199068_n408959665_373628915064522_6350176058765259753_n408218837_373628811731199_8512603911123367120_n408216279_373628685064545_2068531040486151452_n408215928_373628758397871_4181092008805004774_n408203827_373628718397875_381595228221428569_n