Од полноќ се зголемува цената на мазутот, а цените на бензините остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,020 ден/кг и сега ќе изнесува 42,901 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛОТ и на Екстра лесното масло за домаќинство остануваат непроменети.