Скандалот со шефот на обезбедувањето на Мицкоски со тепање полицајци и попречување акција против дрога не е прв ваков случај.

Околу Мицкоски постојано има луѓе поврзани со скандали со дрога, велат од СДСМ.

Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и неговиот близок соработник Антонијо Милошоски седеа на иста маса, во друштво со М.А. од Грчец фатен со 32 килограми дрога.

Мицкоски беше во друштво со дилер на дрога и оружје од Струга, приведен на 24.11.2023, како дел од организирана криминална група, која се занимавала со недозволена трговија.

Професор во музичко училиште и претседател на ОК-ДПМНЕ неодамна е фатен како конзумира кокаин.

Наставничка во училиште во Ново Лисиче, претставник на ДПМНЕ во изборната комисија во Аеродром е уапсена за дилање дрога.

Телохранителот на Мицковски, Б.И физички нападна полицаец за да спречи акција за откривање на дрога во познат скопски локал.

Многу скандали со дрога се поврзуваат со ДПМНЕ и Белата палата, порачаа од СДСМ преку соопштение.