Министерството за образование и наука (МОН) денеска соопшти дека по пауза од 10 години повтори ќе се доделуваат стипендии за постдипломски студии и оти конкурсите се во тек.
– Откако пред 10 години беа укинати, од студиската 2021-2022 година Министерството за образование и наука повторно ќе доделува стипендии за студии од втор циклус во државата, со што се обезбедува поддршката што младите ја побараа од МОН и од Владата, се наведува во соопштението.
Воведени се 50 стипендии со месечна висина на средствата од 9.000 денари за девет месеци во годината за природно – математичките науки (биологија, физика, гео-физика, геологија и минералогија, хемија, биохемија, математика и информатика) и техничко-технолошките науки (електротехника, електро-машинство, електроника и автоматика, енергетика, геодезија, градежништво и водостопанство, хемиско инженерство, хемиска технологија, компјутерска техника и информатика, машинство, материјали, металургија, применета геологија и геофизика, рударство, технологија на прехранбени производи, текстилна технологија и телекомуникациско инженерство).
Постапката за аплицирање е дигитализирана преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk, со што се поедноставува начинот на остварување на правото. Кандидатите кои немаат можност да аплицираат електронски, ќе може да потполнат хартиена пријава и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука.