Премиерот Димитар Ковачевски информира дека пратениците во Собранието ги изгласале законските измени за зголемување на повратот на ДДВ од 1800 на 2100 денари за еден квартал.

„Повеќе пари за граѓаните со зголемениот поврат на ДДВ.Пратениците од мнозинството ги изгласаа законските измени за зголемување на прагот на поврат на дел од ДДВ-то од 1.800 на 2.100 денари за едно тримесечје. Првите зголемени суми граѓаните кои скенираат сметки преку апликацијата МојДДВ ќе ги добијат со исплатите во мај за скенираните фискални сметки во периодот јануари-март 2023 година“, пишува Ковачевски.