Финансиската поддршка согласно Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза ќе биде исплатена по објавување на списоците на корисници за финансиска поддршка на 5 јануари 2023 година, информира Министерството за труд и социјална политика.

Како што посочуваат од МТСП, корисниците на право на социјална сигурност на стари лица, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, на надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост, без потреба од контролен преглед, самохрани родители кои се евидентирани како корисници на гарантирана минимална помош ќе бидат објавени на веб-страната на Министерството.

– Списоците на другите категории на граѓани и датумот кога ќе бидат исплатени средствата кои се опфатени со Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза и, согласно член 5 од Законот ги објавуваат Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија за невработени лица и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, велат од МТСП.