Се интензивира кампањата за парламентарните избори на 15 јули. Носителите на кандидатските листи и денеска ќе го продолжат претставувањето на собири и средби со граѓаните, на социјалните мрежи и на електронските медиуми.

Караванот на коалицијата „Можеме“ денеска ќе биде во Кочани и Крушево.

Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска ќе биде во посета на Дебар, Маврово, Гостивар и Тетово.