Неспособните локални власти на ВМРО-ДПМНЕ и шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски со задолжувања на општините на грбот на граѓаните товарат милионски долгови.

Иако пред година и половина наследија полни општински каси, градоначалниците на Аеродром, Бутел, Гази Баба, Прилеп преку обврзници ќе ги задолжат своите граѓани за над 16 милиони евра, велат од СДСМ.
329122984_1190621261561016_7559986535633289866_n

Општинските обврзници може да ги купи секој, па и големи компании, а тоа носи ризик од влијанија врз работата и одлуките на градоначалниците и Советите.

Не е познато за што ќе ги трошат парите, колку време ќе се отпаќаат долговите и колкави се каматните стапки.

Ова е продолжение на добро познатата пракса на ВМРО-ДПМНЕ за скапи и нетранспарентни задолжувања, која прави голема штета за општините и граѓаните.

Граѓаните им ја дадоа довербата да ги решаваат нивните проблеми и да ги реализираат ветувањата, а добија долгови што ќе ги исплаќаат со години, поскапи комунални услуги, нефункционални и партизирани општини.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа како најнеспособни и најнекомпетентни досега, порачаа денеска од СДСМ преку соопштение.