Судејќи според денешните излези на нумеричките модели, врнежите во периодод од 23.1.2024, па се до 8.2.2024 ќе бидат под просекот, што значи очекуваме потпросечно количество на врнежи во нашиот дел од Европскиот Континент. Секако сето ова е моќно и да се измени, но едно е сигурно, далеку е да и кажеме збогум на зимата, допрва следуваат нови студови и снегови (во февруари, па и во март), прогнозира Славчо Поповски.
Времето утрово е студено, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени, соопшти УХМР.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 8 степени.
Од четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во источните делови ќе има услови за слаби врнежи. До крајот на седмицава ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец и температурите ќе бидат повисоки во однос на денешните.