Нашиот традицонален ајвар, го завзема првото место на TasteAtlas Awards 23/24. Компетентните велат дека Ајварот е најдоброто уживање во светот во 2023 година, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
-Овој традиционален вкус од пиперки и модар патлиџан е еден од најпопуларните закуски низ целиот Балкан и Источна Европа. Најценетиот вид ајвар често е македонскиот, кој се прави само со црвени пиперки. Токму затоа ја даваме поддршката за малите производители со грантови до 10.000 евра, за набавка на опрема за модернизација, афирмација и промоција на своето производство. Ваквите вести ме прават среќен, заедно да постигнуваме уште поголеми успеси, порача министерот Николовски.