Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден претседателот на државата Стево Пендаровски упати честитика до граѓаните со искрени желби овој празник да ни донесе сила, верба и надеж.
„Христовата победа над смртта нека ни биде инспирација и надеж да истраеме пред предизвикот и да излеземе како победници. Светлината на Велигден нека ни дава сила и верба во искушенијата со кои се соочуваме.“ – порача Пендаровски во велигденската честитика.