Премиерот Димитар Ковачевски и делегацијата на Владата на Република Северна Македонија денеска беа пречекани со највисоки државни почести во Софија, на церемонија која што се одржа на плоштадот „Александар Невски“.
24012022_pvrsm_kovacevski_vladina_delegacija_vo_poseta_na_sofija_5Срдечно добредојде на премиерот Ковачевски и на членовите на делегацијата на Владата на Северна Македонија им посака премиерот на Република Бугарија Кирил Петков, придружуван од министрите во неговата влада.
KovachevskiСо овој свечен чин започна дводневната официјална посета на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија на Република Бугарија во чии рамки е предвидено и одржувањето на мешовитиот состанок на двете влади.
24012022_pvrsm_kovacevski_vladina_delegacija_vo_poseta_na_sofija_3Премиерите Ковачевски и Петков, според Програмата на официјалната посета, положија цвеќе на спомениците на Непознатиот воин и на Светите браќа Кирил и Методиј, по што се упатија кон Македонскиот културно-информативен центар за да го означат почетокот на работата на дописништвото на Медиумската информативна агенција на Северна Македонија (МИА).
24012022_pvrsm_kovacevski_vladina_delegacija_vo_poseta_na_sofija_4Агендата на првиот ден од официјалната посета на Софија вклучува и посета на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.