Со “Акција 21” европските стандарди ги носиме дома, порача денеска во видео-обраќање вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за човечки ресурси и одржлив развој Љупчо Николовски.
„Токму борбата против корупцијата, зголемувањето на транспарентноста и отчетноста на функционерите се клучните цели во стратешката Акција.“ – е првата поента на која се осврна вицепремиерот.
„Заедно со спроведувањето на мерките против Ковид-19 и конечното спроведување нов попис се точки во кои ќе сум директно вклучен и каде ќе ја вложам мојата енергија за постигнување резултати. За граѓаните и државата.“ – рече Николовски.
Николовски повторно потсети на, како што рече, отворената и бескомромисна битка против криминалот и корупцијата, во која секој што го прекршил законот, ќе сноси одговорност.
„Почитувани граѓани, продолжуваме со јасен план во 2021 година, со Акција за целосна трансформација на нашето општество, на нашата татковина!“ – заклучи Николовски.