Миле Талески, пратеник на СДСМ на денешната прес-конференција изјави дека грижата на СДСМ за земјоделците и земјоделството продолжува.

„На предлог на пратеници од парламентарното мнозинство, предводено од СДСМ, Собранието вчера ги усвои предлог-измените на Законот за земјоделство и рурален развој.

Ги отстранивме пречките за исплата на субвенциите за тутунарите за оваа година.

Она што е важно да знаат тутунопроизводителите, е тоа дека Платежната Агенција веќе ги има преземено сите мерки и уште од следната недела ќе започне исплатата на субвенциите.

Дека тутунарите се важни за СДСМ покажува и фактот што во петтиот пакет мерки обезбедивме дополнителни 307 милиони денари, односно пет милиони евра за поддршка на тутунопроизводителите.

Тутунарите да бидат спокојни, субвенциите за тутун ќе бидат исплатени навремено. Времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги користеше субвенциите како алатка за манипулација со тутунопрозводителите, засекогаш е завршено.

Како одговорна партија продолжуваме да градиме партнерство со тутунопроизводителите и со сите други земјоделци“, посочи Талески.