Вицепремиерот за борба против корупција и генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски вечерва во ТВ21 кај Борјан Јовановски, покрај другите актуелни политички теми, одговори и за најновата милионска афера со препродажба на земјиште, која е откриена од неговиот кабинет.
-Претставката во врска со случајот за препродавање на земјиште преку сомнителни трансакции на ЕВН од страна на организирана група, беше доставена до мојот кабинет и по деталните анализи беше проследена до надлежната институција, Управа за финансиска полиција.
Истрагата ќе покаже кој сé е вмешан во сомнителните трансакции, дали пред изборите се правеле шеми и каде завршиле парите, вели  Николовски.

-Очекувам ефикасна истрага и брза разрешница на случајот, јавноста има право да ја знае вистината, одговорност мора да има, потврди тој.