Со буџет од околу 300 илјади евра од ИПА фондовите за изградба на нов систем за наводнување во кривопаланечкото село Конопница ќе се помогне во наводнување на повеќе од 40 хектари коишто ќе бидат од корист на повеќе од 100-ина фармери и земјоделци.

На тој начин помагаме да се искористи целокупниот земјоделски потенцијал на овој простор, на ова место уште повеќе, изјави денеска заменик шефот на Делегацијата на ЕУ во државава, Џулијан Васало, на настанот за почнување на проектот.

278163844_158668179893931_5872137351343534261_n

Проектот „Изградба на мали системи за наводнување во општините во Република Северна Македонија – Фаза 2“ ќе се реализира со финансиска поддршка на Европската унија преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) 2019 и опфаќа конструкција на доводна структура на реката Криво Мосте и мрежа за наводнување во земјоделското подрачје на селото Конопница.

222

-Ова е само еден проект во групата на слични други проекти. Еден ваков сличен проект веќе беше завршен во Босилово и други веќе се во тек во Славишко Поле, во Теарце и во Пишица. Сите овие инвестиции значат повеќе можности за земјоделците во овие села. Ние како ЕУ исто така имаме планирано и дополнителни 4,8 милиони евра во рамките на ИПА 3 за наводнување со што ИПА портфолието во овој сектор достигнува близу 13 милиони евра, рече Васало.

На настанот присуствуваа и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, како и претставници од секторите од министерството, до делегациајта на ЕУ во државата, изведувачот и мештани.

– Конкурентноста на земјоделскиот сектор и оптимално користење на природните ресурси е основаната цел на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а наводнувањето во тој процес има голема улога. Изградба на нови системи за наводнување како и рехабилитација на постоечките претставува еден од клучните фактори кои придонесуваат кон зголемување на ефикасноста на земјоделското производство. Потребата од системи за наводнување е дотолку поголема и заради влијанието на климатските промени врз земјоделството. Изградбата на овој мал систем за наводнување во Општината Крива Паланка ќе придонесе кон зголемување на ефикасноста на земјоделското производство во овој регион, изјави Николовски.

1111

Тој посочи дека една од придобивките на ваквиот проект за мали системи за наводнување е што користењето и одржувањето на хидросистемот ќе им биде предаден на земјоделците, со поддршка од задругата, која треба да се формира на оваа локација.

– Малиот хидросистем реката Криво Мосте нека биде позитивен пример за тоа како земјоделците можат да бидат успешни во работењето и одржувањето на системот, а тоа ќе биде следено и од другите локации каде со поддршка на ЕУ се предвидени градби на мали системи за наводнување. Секако дека нема да застанеме тука, Министерството ќе продолжи да се залага и за изградба на други системи за наводнување. За нас секој дел земјиште кое ќе може да почне да се користи од страна на земјоделците е успех, дополни Николовски.

Градоначалникот на Крива Паланка, Митовски, рече дека задоволство е што во Општината се гради ваков систем по речиси половина век од изградбата на постојниот.

-Овој нов систем за наводнување и квалитетно снабдување со вода ќе поттикне попродуктивни култури и одржливо сточарско производство, а истовремено ќе ја заштеди потрошувачката на вода за пиење од водоводниот систем од кадешто жителите на Конопница досега ги наводнуваа земјоделските насади поради нефункционалноста на стариот систем, изграден пред повеќе од 50 години. Со новиот проект се предвидува изградба на нова зафатна конструкција што ќе се поврзе со постојната, а водата ќе се насочува кон главната цевка за наводнување и разгранетата секундарна мрежа и ќе се овозможи дистрибуција на вода за наводнување директно до земјоделските површини, рече Митовски.

митовски

Упати благодарност до Европската Унија за фининсиската поддршка за реализација на проектот и до министерот и министерството за земјоделие за заложбите токму оваа општина да биде една од осумте во кои се изгради систем за наводнување.

Рокот за изградба е 12 месеци, а изведувач е „Конструктор“.