Владата ќе остане посветена на покачувањето на минималната плата, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните, велат надлежните.
✅ Во 2016 година минималната плата изнесуваше 9.000 денари и покриваше само 38% од просечната, додека на крајот на 2021 година, минималната плата изнесува 15.140 денари со покриеност од 52% од просечната плата, што претставува покачување од 14%;
✅ Минималната плата ќе продолжи да расте и во 2022 година и истата ќе изнесува 18.000 денари, односно би изнесувала околу 58% од просечната плата (која се очекува да порасне на околу 31.000 денари во 2022).