Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска на прес конференција го презентираше новиот пакет економски мерки. Покрај другото, тој остро реагираше на појавата кај некои фирми да профитираат од кризата.

“Ако се докаже дека некоја фирма или поединец, осмислил и остварил екстра профит на сметка на здравјето на граѓаните користејќи ја оваа криза, Владата може да посегне по донесување на Уредба за национализација, јас ќе ја поддржам во тоа.” – посочи Заев.