-Донесен уште еден Закон во интерес на граѓаните! Собранието усвои закон со кој сите граѓани на кои им фали работен стаж за да добијат пензија, ќе можат да го откупат, информира лидерот на СДСМ Зоран Заев на социјалните мрежи.
-Лицата кои наполниле 65 години, а немаат 15 години работен стаж поради неплатени придонеси, ќе можат да ги откупат тие години од стажот за да добијат старосна пензија. Пресметувањето на сумата за исплата ќе се прави врз основа на 20% од просечната плата од претходната година објавена од Државниот завод за статистика која сега изнесува 1.400 денари за еден месец, појаснува Заев.
Можност за откупување на стажот имаат и членовите од семејството на осигуреник кој починал. Со тоа може да се спроведе реализација на правото на семејна пензија, сподели Заев.