Чест и одговорност ми е што денеска од страна на претседателот Стево Пендаровски го добивам мандатот за составување нова демократска, политичка, одговорна, европска Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните, порача лидерот на СДСМ и мандатар на новата владата Зоран Заев.

4

Пред македонското Собрание ќе испорачам предлог за Влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри, која е решена и која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари кај секој функционер.- порача Заев.

Програмата на Владата во најголема мера ќе биде посветена на новата македонска економија каде главни принципи се: платите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна и уште поголема грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашно стопанство.- вети Заев.

117716316_10158941134712932_7925944148486856837_o

Северна Македонија ќе добие Влада која го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани – тоа е европскот пат, патот на економијата и правдата, патот до просперитет и долгорочна стабилност. Ќе водам Влада која не знае за скршнување од патот кој после членството во НАТО води до членство во Европската Унија.

2

Ќе водам Влада која во целост ги почитува Договорот од Преспа со Грција, Договорот за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.- дециден е Заев.