Низ години наназад, но особено во последните 10 месеци се потврди дека социјалдемократските вредности и нашите државотворни принципи се најсилен заштитник на македонскиот идентитет, но и на низата идентитети на останатите наши сограѓани. Интеграцијата во ЕУ, значи вградување во европскиот идентитет со сета наша посебност и различност, порача генералниот секретар на СДСМ на работен состанок со членовите и симпатизерите на партијата во скопски Чаир.

– Во европскиот идентитет, нациите од државите членки не губат ништо ниту од својата специфичност, посебност и различност, ниту пак од својата национална слобода и гордост. Затоа отвореноста, толерантноста и инклузивноста се модел на наше делување, тоа сме ние, македонските социјалдемократи. Ние обединуваме и создаваме внатрешна кохезија. Низ години наназад, но особено во последните 10 месеци се потврди дека социјалдемократските вредности и нашите државотворни принципи се најсилен заштитник на македонскиот идентитет, но и на низата идентитети на останатите наши сограѓани. Интеграцијата во ЕУ, значи вградување во европскиот идентитет со сета наша посебност и различност. Всушност затоа и таа цел е поставена како врвен национален интерес уште од независноста. За современите македонски политичари тоа е приоритет, да го оствариме сонот на гернерации наназад и идентитетските прашања да ги затвориме еднаш засекогаш, рече Зечевиќ.

Генералниот секретар на СДСМ продолжува со интензивните теренски активности и средби со членовите и симпатизерите на партијата ширум републиката.