Првиот полицаец, тој што требаше да биде пример како треба сите да се однесуваме, денеска лабаво си пие кафенце во кафич во Кочани во друштво со кандидатот за пратеник Миле Лефков.
Покрај тоа што е прв полицаец, тој изгледа секаде е прв и на терен во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
Бидејќи Чулев со својата појава и ноншалантно однесување во Кочани привлекол внимание, активисти на СДСМ му укажаа на тоа дека крши мерки и му подарија маска.
Да не е трагично, би било смешно!