Само Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 3, знае какво е чувството на прв ден во кампања да влезеш со нула кредибилитет и доверба кај граѓаните.
Сигурно е тешко да си во кожата на политичар кој со првата изговорена реченица предизвикува потсмев кај нацијата.
Дури и лутина и револт е подобра реакција од потсмев. Потсмевот е последното скалило на пирамидата и е еднакво на рамнодушност и недоверба. Ако малку знае да чита меѓу редови, на Јанушев веројатно му е јасно дека не му се потребни никакви анкети, ниту мерења на рејтинзи бидејќи е очигледно дека граѓаните неговата појава не ја сфаќаат сериозно. Ваквите реакции на јавноста на појавата на Јанушев се веројатно рефлексија на фактот дека истиот тој Јанушев без никаков срам заборавил чиј ученик беше, како влезе во политиката и како стана функционер и човек од доверба на менторот од Будимпшета, Никола Груевски?
За среќа, овој народ некои работи и да сака е невозможно да ги заборави!
А, владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше сè, само не синоним за работа, извесност и иднина! Ете затоа народот ти се смее?!