Дафина Стојаноска, поранешна пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и носителка на изборна единица 6, во јавноста попозната како експерт за сите можни прашања во државата, денеска на социјалната мрежа Фејсбук објави статус со кој брани насилство и дели правда?!

Наместо да го осуди насилството од 27 април 2017 година, Дафина вели вистинската правда допрва ќе ги стаса оние кои тој “крвав четврток” за малку главите ќе ги изгубеа.

Дафина, не заборавај дека целиот свет го осуди чинот на кревање рака врз највисоката институција во државата. Кому вие ќе делите правда?!

ВМРО-ДПМНЕ има најмалку право во државата да зборува за ПРАВДА, затоа што за време на режимот на вашиот ментор “на дистанца”, македонскиот народ заборави што беше тоа правда.

Тешко на народот кој вие ќе го водите и замислете, пак ќе му делите правда…

Ама, овој народ веќе го окусил горчливиот вкус на вашата НЕправда, никогаш повеќе “Сваровски” правда!

ФБ статус на Дафина Стојаноска