По објавената информација дека на Катица Ќулавкова, членка на МАНУ, Хелсиншкиот комитет денеска и поднесе кривична пријава за ширење говор на омраза за нејзината објава на социјалната мрежа Твитер со содржина “Цената на соживотот ја плаќаме со животот”, на социјалните мрежи речиси истовремено започна пропаганда со ширење на лажни вести дека Хелсиншкиот комитет има двојни аршини и останал глув и не реагирал на објавата на поглаварот на ИВЗ кога не нарекувал кучиња и див народ. Пропагандата која се шири секако е невистинита, а тоа е лесно проверливо само со посета на веб-страницата на Хелсиншкиот комитет каде транспарентно се објавени двете известувања за поднесени пријави за говор на омраза, и таа на Сулејман Реџепи и таа на Катица Ќулавкова.

Во продолжение и една од реакциите на социјалната мрежа Твитер: