На социјалната мрежа Твитер, од профилот Рецепционерот Таљат, е објавен документ на кој јасно се гледа дека Игор Дурловски, покрај учеството во купувањето на 12 хектари пасишта во светиниколско, на истата локација си купил и куќа?! Зошто локацијата е толку атрактивна за оваа групата уметници, меѓу кои и Дурловски, стана јасно откако се потврди информацијата дека на тоа место ќе се гради регионална депонија.
Она што е интересно е дека кога беше информацијата за купеното пасиште, Дурловски излезе со експресна реакција на социјалните мрежи каде напиша “Tоа земјиште е со вкупна вредност од не повеќе од 15 илјади евра. Мојот дел во него е 1/6. Сè што сум заработил сум вложил тука…”
Да видиме каков коментар ќе остави денеска Дурловски бидејќи очигледно “последните пари” кои ги вложил во пасиштето баш и не биле последни со оглед на фактот дека оперскиот пејач си купил и куќа. И тоа сосем случајно и без никаква намера на истата локација?!
Лесно заработени пари уште полесно се трошат?!
Игор Дурловски со земените 200.000 евра за организирање на протести и обидот за убиство на пратеници на 27 Април во Собрание, покрај 12 хектари земјиште си купил и куќа(документ во прилог), каде што ќе се гради регионална депонија! Патриотски зарем не? #ФејкПатриоти pic.twitter.com/dTbZ5ov7jI
— рецепционерот Таљат (@TaladOdPrespaF) June 16, 2020