На Илија Димовски ни најмалку не му пречеше да биде шеф на делегацијата на македонското Собрание во Парламентарното Собрание на НАТО, каде е регистриран како пратеник кој доаѓа од Република Северна Македонија, име кое тој го употребува и во пристапницата.

На Илија Димовски исто така не му пречи сè уште да зема плата како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

Значи на Илија Димовски ништо не му пречи кога се работи за стекнување лични бенефиции.

Меѓутоа, истиот тој Илија Димовски има проблем ако на производ стои дека е произведен во Република Северна Македонија, па јавно повикува на бојкот на истите производи, а со тоа директно ја загрозува егзистенцијата на вработените во овие фирми.

Значи, “патриотски” е во џебот да ти влегуваат пари од Република Северна Македонија, да патуваш како делегација на Република Северна Македонија, да земаш плата од Република Северна Македонија, да седиш во шефовската НАТО фотелја како пратеник од Република Северна Македонија…

Сè друго е непатриотизам  и треба јавно да се линчува?!

Многу евтин “патриотизам”?!