Утрово пред “Белата палата” на ВМРО-ДПМНЕ осамна компас, преку кој активистите праќаат порака до партијата на Мицкоски, да не се прават дека не се од тука, туку да знаат дека конечно по неколку децении, нашата држава стана 30-та членка на најмоќниот сојуз-НАТО и доби безусловна препорака за преговори со ЕУ.

Исто така, во време на оваа криза која го зафати целиот свет и каде во сите држави, опозицијата помага на власта во справување со состојбата, само во нашата земја, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите функционери играат деструктивна улога и на дневна база се обидуваат да печалат по некој политички поен врз грбот на засегнатите граѓани. Затоа, овој компас може да им прати и дополнителна порака: да се ориентираат каде се наоѓаат, да се вратат во колосек и да бидат одговорни во овие клучни моменти за нашата татковина.