Она што е очигледно во моментов, е дека нечија слабост, немоќ и очај се одразува преку валкани стратегии за удар врз она што никој не смее ниту да помисли да го уредува, а тоа е новинарството.

Новинарите Мишко Иванов, Наташа Стојановска, Анета Додевска и Катерина Синадиновска станаа директен таргет на одредени болни мозоци и во своите сандачиња на социјалните мрежи примаат пораки со заканувачка содржина. Повеќе од очигледно е дека се работи за оркестриран, организиран, синхронизиран и добро осмислен напад со цел сеење страв, заплашување и замолчување.

Причината? Си ја работеле својата работа, интервјуирале претставници од власта. Ама, изгледа не секој има доблест да ја свари реалноста?!

СРАМНО, ПОНИЖУВАЧКИ, МОНСТРУОЗНО…

Недозволиво е во 21 век кога зборуваме за слобода и демократија, зад кулисите да се случуваат подмолни повици за линч и тоа на новинари. НЕДОЗВОЛИВО!

Ќе реагира ли некој или ќе чекаме до каде може да оди растројството на одредени ликови?!