Видеото од журката на плажа Градиште веќе ги заобиколи социјалните мрежи и медиумите и таа за јавноста беше најголем шок и доказ за несвесноста на македонската младина и нејзиното неодговорно однесување во услови на светска пандемија со коронавирус.

Многумина прогнозираат и нов кластер Градиште кој доколку се случи ќе биде благодарение на отсуството на здрава свест и одговорност на поединци, но судејќи според фотографиите подолу не е проблематично само слепилото за здравствената состојба во која се наоѓа државата, туку и за сите останати аспекти на секојдневното живеење.

Очигледно е дека имаме проблем и со колективната свест и тоа за најсуштинските прашања.

Ако продолжи ваквото однесување и во следните неколку недели, на Охрид покрај здравствена, му се заканува и еколошка катастрофа бидејќи фотографиите кои го окупираат интернет-просторот се поразителни.